,,ПАРИ” ОТКРИВА: ТОП 10 КОМПАНИИ СО НАЈВИСОКИ ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ ДВИЖАТ ОД 10.000 ДО 2.000 ЕВРА!

|

Од речиси 2.000 евра до 10.000 се месечните просечни нето-плати во ТОП 10 компании по просечна плата, покажува анализата на порталот Пари направена во соработка со БизнисМрежа.мк. Во овие ТОП 10 компании се познати компaнии како „Орка холдинг“, „Авицена“, „Рош Македонија“, но тука е и ракометниот клуб „Вардар“ и „Авто испитен центар“ и компании, кои барем на прв поглед, се помалку познати во јавноста. Она што е интересно за овие компании е што тие, иако се со најголеми просечни плати, финансиски не ја поминале сјајно минатата годината. Токму првите две, во кои се и најголемите просечни плати, биле во загуба, а сите други, освен една, имале значително намалување на добивката.

Секако, упросечувањето на платите секогаш е меч со две острици – тоа може да покаже каде работниците земаат најголеми плати, но можно е тие ништо да не виделе од така големите износи, а целиот просек да биде кренат поради една плата на газдата, или на мал број луѓе околу него. Земајќи го во предвид тој фактор на ризик, еве што велат податоците за фирмите со најголемите просечни плати.

Износите се изразени во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

За Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“, како фирма со најголем просек на месечните нето-плати, порталот Пари веќе пишуваше. Претпријатието заработува од отстапување на вработени, најчесто за потребите на државните и јавните институции и си задржува одреден процент од секоја бруто плата. Така диктира законот… Вкупен приход на „Партнер“ лани бил  2,7 милиони евра и овој приход бил за 15,2 проценти поголем отколку во 2019 година, фирмата била во загуба, а просечната нето плата била околу 10.000 евра.

Спортскиот ракомтарен клуб Вардар лани имал 1,2 милиони евра приходи и тие биле речиси 80 проценти помали отколку во 2019 година и фирмата била во загубa, а просечната нето плата била 537.446 денари.

„НО МА метал“ од Охрид се занимава со производство на други фабрикувани метални производи, лани имала над 11 милиони евра приход кој и овозможил добивка од околу 440.000 евра, но таа била помала за 46,5 проценти во однос на 2019 година. Просечната плата во компанијата е 190.281 денар.

Останатите фирми и целиот текст прочитајте ги на Пари.мк со клик ТУКА.