Парите од свадбата одат за месарница: Иако богато се омажи, Богдана не се откажува од занаетот

ИЗВОРСкопје24
|

Парите заработени од свадбата на деценијата, 300.000 евра, Вељко и Богдана веќе знаат каде ќе ги вложат. Младенците одлучиле да купат стан, да отворат месарница и да заминат на свадбено патување во Дубаи. Иако млади, свесни се дека не треба да ги потрошат парите на глупости, туку да ги вложат во недвижности и во бизнис за поранешната кошаркарка и месарка Богдана.

За почеток ќе живеат заедно со Цеца. Родителите на Богдана веќе имамат бизнис со живина во Тител, па ѝ предложиле на ќерката да го рашири бизнисот и во Белград.

Јавноста добро знае дека Аца Лукас беше скаран со својата колешка Светлана Ражнатовиќ Цеца.

Но тој беше поканет на свадбата на нејзиниот син Вељко, а искрено според информациите до кои дојдоа некои српски медиуми, Лукас донел најдебел плик. Според информациите до кои дојдоа медиумите се вели дека Лукас во пликот ставил 2.000 евра.

По свадбата на деценијата инаку сите се прашуваа каде ли ќе живеат младите откако ќе се венчаат и каде ќе го дочекаат раѓањето на нивното прво дете кое треба да пристигне оваа пролет.

Имено парот одлучно прифатил да остане да живее во вилата на Цеца на Дедиње каде пред една година започнаа да живеат заедно.

По ова нема сомневање дека фолк ѕвездата е пресреќна што синот и снаата ќе продолжат да живеат со неа со оглед на тоа што беше среќна и пред една година кога се всели Богдана во нивниот дом.