ПАРК ЈУРА СРЕДЕ СКОПЈЕ – ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ДОАЃААТ ДИНОСАУРУСИ

ИЗВОРСкопје24
|

Скопје следната година ќе добие свој парк Јура.

Тој ќе се наоѓа во рамките на Зоолошката градина, каде што ќе бидат поставени фигури на 41 диносаурус во нивна природна големина. Изградбата на Дино паркот е веќе почната, а отворањето е најавено за март.

Како што велат од Зоолошката градина, тоа ќе биде најголем Дино парк на Балканот, па очекуваат да стане нова туристичка атракција на градот.

„Посетителите ќе можат да видат тираносаурус, стегосаурус, алосаурус, како и поставки со мали диносауруси. Сите тие ќе имаат синхронизирани движења и ќе испуштаат звуци, со што на посетителите ќе им ги доловиме овие праисториски животни. Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот со толкав број на диносауруси и за секој од нив ќе има едукативна содржина“, рече директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

Паркот ќе има површина од 2.000 квадратни метри и за него ќе се наплаќа посебен билет од 50 денари.

СДК.МК