Пасоши и лични карти со Северна ќе добиеме без разлика дали преговараме со ЕУ или не

ИЗВОРСкопје24
|

Од Владата засега немаат прецизен одговор кога ќе се почне со издавање лични карти и пасоши со новото име бидејќи, велат, станува збор за комплексна постапка во која ќе биде специфицирани повеќе уставни и законски решенија. Но, најавуваат дека наскоро ќе се потпише договор.
Недобивањето датум за отпочнување преговори со ЕУ нема да го одложи менувањето на личните документи на граѓаните на земјава со новото уставно име – Република Северна Македонија.

И покрај дилемите и дебатите кои се отворија во јавноста за тоа дали и во кои сегменти француското вето ќе ни го зачува старото уставно име Република Македонија, пишува Плусинфо.мк, Договорот и законите се јасни и тие предвидуваат дека новото име ќе биде дел од пасошите, личните карти и возачките дозволи без разлика дали сме почнале преговори со ЕУ или не.

Имено, во договорот се предвидени два преодни периода за промена на постоечките документи – технички и политички. Политичкиот период е оној кој зависи од отворањето и затворањето на преговорите со Унијата, додека техничкиот не е врзан со тоа.

Покрај пасошот, тука се и личните карти бидејќи граѓаните може да ги користат за патување во речиси сите земји на Балканот, како и домашните возачки дозволи затоа што државата има потпишано низа договори со европски земји за меѓусебно признавање.

Од Владата засега немаат прецизен одговор кога ќе се почне со издавање лични карти и пасоши со новото име бидејќи, велат, станува збор за комплексна постапка во која ќе бидат специфицирани повеќе уставни и законски решенија. Но, најавуваат дека наскоро ќе се потпише договор.

слободен печат.мк