Патот кон Теферич денеска и утре затворен за сообраќај

ИЗВОРСкопје24
|

Патот којшто води кон населеното место Теферич денеска и утре ќе биде затворен за сообраќај поради изведување градежни работи.

Општина Кисела Вода апелира учесниците во сообраќајот да бидат трпеливи и да имаат разбирање додека се одвиваат работните активности.

Исто така, на булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот парк, утре и задутре од 21 до 6 часот, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради снимање филм во организација на ДФПУ„Вертиго Висуал “ ДОО Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Министерството за внатрешни работи во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.