Печени тестенини со сирење – јадење кое брзо се прави, а сите ќе го обожаваат

ИЗВОРСкопје24
|

Ќе го обожавате ова јадење!

Потребно е:

240 гр италијански тестенини, 1 лажичка сол, 1 лажица масло.

Прелив:

2 поголеми јајца, 200 гр сирење фета, 100 мл млеко, 50 мл павлака за готвење 20% mm, 3 лажици масло, 1/2 лажиче сол.

Подготовка на макароните:

Во големо тенџере, загрејте ја водата до вриење, додадете ги макароните. Гответе ги според упатствата на производителот, околу десет минути или додека не омекнат макароните. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 ° С.

Додека се готват макароните, подгответе го преливот. Во голем сад, изматете ги јајцата со лажица или миксер. Додадете рендано сирење. Додадете млеко, масло, сол и павлака, и добро измешајте. Во зависност од соленоста на сирењето, ќе додадеме повеќе или помалку сол.

Во садот со преливот додадете ги сварените и исцедени макарони и измешајте така што преливот да влезе во сите празнини на тестенините. Подмачкајте ја тавата со масло. Додадете ги макароните, па ставете го садот во загреаната рерна. Печете околу 15 минути, или додека јадењетп не зарумени. Послужете топло.