Печено пилешко со кускус: Рецепт за брз и вкусен ручек готов за само 30 минути

|

Кускусот е одлична идеја кога немате многу време да подготвите оброк. Не мора ни да го готвите – всушност се впива во топла течност. Совршено ги впива вкусовите, а најдобро се комбинира со некаква ароматична основа.

Кускусот одлично оди со сушени домати, грашок и рендани тиквички, а целиот оброк ќе биде брилијантно заокружен со пржени пилешки батаци. Уште повеќе, целото јадење се подготвува во само една длабока тава, а ќе ви треба само околу половина час да се подготви.

Состојки: 450 гр пилешки гради, 375 мл пилешки супа, 180 гр кускус, 120 гр замрзнат грашок, 50 гр суви домати, 2 лажички ким во прав, 2 лажички мелен ѓумбир, 1 лажица путер, 1 тиквичка, 1 среден кромид, 1-2 чешниња лук, сол и бибер по желба и масло за готвење.

Подготовка: Втријте голема количина сол и бибер во пилешките батаци.

Во тава загрејте малку масло и пржете го пилешкото од секоја страна околу 6 до 8 минути или додека термички не се обработи до крај. Извадете го пилешкото од тавата.

Во тавата додадете путер и со малку сол пропржете го ситно исечканиот кромид. Се динста околу две минути додека кромидот не омекне.

Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно околу една минута.

Додадете кускус, сечкани сушени домати, грашок, ким и ѓумбир. Промешајте и оставете ги зачините да се потпечат со кускусот околу три минути.

Прелијте се заедно со загреаната пилешка супа и ренданите тиквички.

Покријте ја тавата и исклучете го шпоретот. Кускусот нека ја „впие“ целата течност. Ќе ви требаат околу пет до седум минути.

Послужете веднаш со печеното пилешко. Добар апетит!