Пејачката и ја обои косата на шестгодишната ќерка, па доби коментари дека е најлошата мајка на светот

|

КЕЛИ КЛАРКСОН е позната американска пејачка, победничка на „Амeрика има талент“ и мајка. Таа се најде на мета на корисниците на социјалните мрежи.
Имено, Кларксон и ја обои косата на шестгодишната ќерка Ривер, во виолетова боја.

“Ќерка ми мисли дека е кул како Принс. Таа се преправа дека свири на гитара, пее од дијафрагма. Тоа е она што се случува”, напиша 38-годишната пејачка на Твитер, убедена дека нема да предизвика негативни реакции.Заради тоа таа веднаш напиша: „Пред да ме нападнат дека сум најлоша мајка,веднаш да ви кажам дека користевме безбедна, органска боја“, додаде таа.

Се разбира, критиката не беше отсутна, но има повеќе кои и рекоа да ужива и да го прави она што го сака со своето дете.