Пејачката и пејачот се венчаа во Србија, ама “Гранд“ свадбата допрва ќе биде во Скопје

ИЗВОРскопје24
|

Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот свршеник со кого на истото музичко талент шоу се запознаа и засакаа – Александар Гуте Маринковиќ, неодамна се венчаа во Србија. Тие имаа скромна прослава, со свечен ручек во кругот на најблиските пријатели и роднини.

Во меѓувреме Елена на социјалните мрежи објави и дека е бремена. Па потоа следување објава дека ќе мора на одредено време да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“.

Елена и Гуте се венчаа во Србија, ама “Гранд“ свадбата допрва ќе биде во Скопје. Елена се подготвува да биде бремена невеста. А венчаницата Елена ќе ја облече на 22 февруари во скопскиот хотел „Континентал“ од 18.45 часот.

Покрај најблиските, роднините и пријателите на Елена и Гуте, од Србија се очекува да дојдат уште некои познати гости. Сите нив ќе ги забавува една позната и реномирана македонска група, но исто така се очекува момент кога невестата и младоженецот ќе се фатат за микрофонот.

„За да ја запознаеш вистинската радост, треба да имаш некој со кој ќе ја споделиш“ – им пишува на свадбената покана на Елена и Гуте.

Во меѓувревеме, невестата вежба да биде вредна домаќинка, фотографијата ја објави на социјалните мрежи и можете да ја погледнете во продолжение.