Пејачката Сани им се враќа на настапите – во пресрет на тоа напиша интересен статус

ИЗВОРСкопје24
|

По речиси три месеци пауза, фолкерката Сани Гроздановска го најави својот прв настап по карантинот и олабавувањето на мерките.

Таа ќе пее во еден скопски ресторан каде редовно имаше настапи, но овој пат наместо внатре и пред гостите до маса, Сани ќе пее на отворено, а бакшишот засега ќе почека.

Ова секако дека многу ја израдува, бидејќи најпосле ќе почне да работи и да го полни паричникот, но ја мачат некои основни нешта, односно одењето на високи потпетици.

Таа објави станус во кој напиша:

„Вежбам одење на штикли“ –пишува Сани.