Пере од „Нокаут“ стана татко по четврти пат – се роди уште едно трилече

|

Никола Перевски – Пере и неговата сопруга Јована Темелковска станаа родители на уште едно девојче. Музичарот ја сподели среќната вест на своите профили на социјалните медиуми, каде го откри и името на најновиот член на нивното семејство.

„Ирис се роди. Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша Пере, објавувајќи ја првата фотографија од неговата ќеркичка.

Пере инаку има две ќерки од првиот брак со новинарката Александра Спировска – Михаела и Каја. Михаела, која повеќето ја знаат како Миа, тргна по стапките на својот татко и се занимава со музика. Пере и неговата сегашна сопруга Јована се заедно од 2011 година, а во 2020 година ја добија првата заедничка ќерка Софиа.