Перо Антиќ до Шилегов: Имај милост, вака не јаделе комарци 36 години!

loading...

„Дали треба на господинот градоначалник Петре Шилегов да му ги доставиме сметките за АУТАН, и сличните препарати, или да го замолиме да испрска против комарци? Па имај милост, вака не ме јаделе комарци – со сигурност тврдам 36 години.“

На ваков начин познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ, на својот Фејсбук профил, се обраќа лично до градоначалникот на Скопје-Петре Шилегов.

Домашни лекови за ублажување на болката и чешањето при убод од комарец

Доколку обидите да ги избркате со разни апаратчиња и спрејови не ви успеат, и сепак завршите со убоди од комарци по телото, овие неколку совети ќе ви ја олеснат маката.

Како да го ублажите чешањето и црвенилото, па дури и болката која може да се јави?

1. Топла вода или топла лажица

Течноста која комарците ја вбризгуваат не може да делува при висока температура. Загрејте една лажичка (внимавајте да не се изгорите) или натопете мека крпа со топла вода и ставете ја како облога.

2. Ладна вода или мраз

Ладната вода и мразот може да ја намалат циркулацијата на крв на местото, па така да го спречат ширењето на течноста. Ова е добар лек доколку имате силна желба за чешање.

3. Лимон

Цитрусната киселина исто така може да ги ублажи симптомите, посебно чешањето.

4. Банана

Излупете една банана и ставете ја кората на кожата, допрена со внатрешната страна. Нека постои барем половина час, а ако може и подолго.

5. Сода бикарбона

Направете паста од малку сода бикарбона и вода. Премачкајте го местото и оставете да отстои 15 минути, па потоа исплакнете.

6. Паста за заби

Најдобро би било да нанесете паста за заби со ментол и да оставите да се исуши.