Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, а сега актуелен прв човек на Кошаркарската федерација, во разговор за ММС.мк одговори на критиките на навивачката група „Комити“ кои го нап аднаа поради тоа што на ракометниот меч помеѓу легендите и актуелниот состав на репрезентацијата, се појави во дуксер на Црвена Звезда, а не на пример, како што велат, тие во дрес на Македонија. Антиќ вели дека не сака да се правда никому, но смета дека не погрешил. Вели навива за Црвена Звезда и така и ќе остане. Антиќ додава:
-Вчера не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Можев и у дуксер со Меси да дојдам! Имам таков и плав дуксер. Тоа ми е опрема дадена од последната сезона кога играв. Не сум отишол да купам. Ма не се правдам и не сакам ова да изгледа дека се правдам. Секој може да облече што сака, секако и јас. Може и гол да оди, отворен ум, нели сме 21 век. А сите си навиваат за свој клуб. Јас сум кажал и пак ќе кажам дека навивам за Црвена Ѕвезда, Олимпијакос и Фенербахче и тоа ќе остане така. Јас сум нивен фан, јас тоа не го кријам. Но, секако дека Македонија ми е под број еден. И се што јас имам направено за Македонија ми дава за право да бидам облечен како сакам. Македонија ја претставував во најдобро светло низ цел свет. За мене една е Македонија, едно е знамето и една е химната и тоа никогаш нема да се смени. Затоа до злобнициве немам порака, само сакам да им честитам среќна Нова Година, да имаат здравје и малку да се опуштат. Да престанат да бидат негативни, бидејќи има многу поважни работи за кои треба да се коментираат,а не кој како е облечен. Јас Македонија си ја сакам, тоа сите го знаат, затоа за нив само- се најубаво, вели кошаркарската легенда за ММС.
Антиќ потоа додава:
– Јас не сум ниту мамин ниту татин син и сите пари што сум ги заработил во животот сум ги донел во Македонија, не се во странство. Ќе јадам што сакам зашто тие се мои пари, ниту сум бил на државна ци цка, ниту ми ги дале мама и тато . Напротив цел живот сум помагал и ќе помагам. Јас цела кариера помагам и на сите тоа треба да им е во срце, душа и во глава, да помогнат на тие што им треба, вели Антиќ за ММС.мк.