Песни од светските музички поп – рок легенди на „Василичарскиот концерт 2020“ во НОБ

ИЗВОРСкопје24
|

Песни од некои од најголемите поп и рок легенди ќе се изведат на „Василичарскиот концерт“ во Македонската опера и балет (МОБ). Тој традиционално се одржува на 12 и 13 јануари во пресрет на празникот Василица.

Концертот е насловен „Легенди“, ќе диригира Бисера Чадловска, а ќе настапат солисти, Хорот и Оркестарот на МОБ.

Според најавите од НОБ, ќе се изведат хитови на Витни Хјустон, Дејвид Боуви, Тина Тарнер, Елтон Џон, Барбра Стрејсенд, Мајкл Џексон, Стинг, Џорџ Мајкл, „Ганс ен роузис“, но во нови симфониски аранжмани.