Пет дена дел од скопско без вода половина од денот

|

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека од утре до понеделник без вода ќе бидат дел од корисниците на Љубанци.

-На 11, 12, 13, 14 и 15 август поради реконструкција на водоводна мрежа и технички зафати во каптажата во Љубанци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с. Љубанци, информираат од претпријатието.

Водоснабдувањето во наведените денови ќе биде прекинато од 09:00 до 15:30 часот.

ЈП Водовод и Канализација исто така известува дека утре, 11 авуст, од 08:30 часот без вода ќе бидат корисниците на улица „Скоевска“ во Радишани, поради дефект на затворач ф-80 мм на бр. 17 на таа улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 до завршување со санација на дефектот.