Пет совети како да ги изберете најубавите домати на пазарот

ИЗВОРСкопје24
|

Доматите се одличен извор на витамин Ц, а содржат и значителни количества Б комплекс. Редовната консумација на овој зеленчук ќе го збогати вашиот организам со калциум, натриум, магнезиум и железо.

Поголемиот дел од зеленчукот за масовно производство се бере несозреано за да може да го издржи превозот и дистрибуцијата до одалечени места, а потоа хемиски се третира за да се забрзаат тие природни процеси. Вклучете ги сите сетила и научете да ги препознаете квалитетните плодови.

Внимателно забележете ја кората на доматот

Ако доматот има длабоко црвена боја на кората без видливи гребнатинки и пукнатинки, веројатно се работи за свеж плод. Светлата боја на кората, со нијанси на протокалово, зборува дека плодот веројатно не е зрел, дека е премногу тврд и дека вкусот ќе биде недефиниран. Избегнувајте го и доматот со темни дамки на кората, бидејќи веројатно веќе започнал да гние.

Помирисајте го доматот

Уште подобар индикатор од изгледот на доматот е неговиот мирис. Длабоко вдишете и помирисајте го. Ако почуствувате силна арома сте го исбрале вистинскиот плод. Доколку недостасува мирисот, таков домат може да ви послужи само за декорација.

Притиснете ги плодовите со врвот на прстите

Зрелиот и квалитете домат најдобро ќе го препознаете по допирот. Доволно е цврст за да можете да го притиснете, а со тоа да не го уништите, а повторно не е премногу тврд за сечкање и јадење. Внимавајте и на премногу меки плодови, затоа што станува збор за зеленчук кој бргу ќе се расипе.

Купувајте само она што можете да го допрете

Избегнувајте купување домати во пластични кутии, затоа што таквиот производ не можете да го погледнете, помирисате и допрете. Не се препорачува купување на тезги каде нема да ви дозволат сами да бирате.

Правилно складирајте го

Доматот ќе има подобар вкус ако го чувате на собна температура, а во фрижидер ставете го само ако планирате да го сечете за салата па сакате малку да го разладите.