Пет свадби во Истанбулската невеста: Една невеста ќе биде разочарана пред венчавката

ИЗВОРскопје24
|

Во хит серијата Истанбулска невеста ќе бидеме сведоци на пет венчавки. Во продолжение може да ги погледнете сите венчаници кои ќе ги видите во серијата:

Во серијата Боранови ќе се подготват за неколку венчавки. Суреја и Фарук веќе имаа две венчавки. Првиот пат се венчааа на скромна церемонија во матично, а втората им беше заедно со венчавката на Ипек и Фикрет.

Следна невеста беше најдобрата другарка на Суреја, Дилара која му вети вечна верност на Адем. Нивната љубов поминува многу предизвици, но сепак ќе останат заедно.

Среќна венчавка набрзо доаѓа на тетката на Суреја, која ќе се омажи за Акиф. Тие во моментов очекуваат дете.

Во меѓувреме, збор ќе си даде најмладот син на Боранови Мурат со помошничката Баде. Сето тоа ќе го изведат тајно. Боранови ќе подготвуваат и венчавка меѓу Осман и Бурџу, но и двајцата ќе имаат некои грижи пред венчавката. Неколку часа пред венчавката Осман исчезнува, а потоа невестата ќе биде во неверување.