Петтото јубилејно издание на „Мала Италија патува” ги разнежни срцата на скопјани

|

Музичкиот настан „Мала Италија патува” кој вчера, по петти пат, се одржа под отворено небо на платото „Мајка Тереза“, донесе несекојдневно доживување во кое скопската публика можеше да ужива во извонредните изведби на единствениот Павле
Камилоски.

Преубавиот баритон на Камилоски и звукот на италијанските, француските и џез евергрин песни создаде неверојатна атмосфера.

Публиката, која ја имаше навистина во голем број, ненаситно уживаше во изведбите на младиот пејач, кој со огромна љубов и страст целосно се препушти на музиката и стиховите, пренесувајќи ги, со многу емоции, безвременските светски хитови.

Уникатниот настан, кој веќе прераснува во традиција, станува сé попривлечен за публиката што покажува дека специфичниот вид музика која ја изведува и негува Павле Камилоски има многу љубители.

Преку фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата на вчерашниот настан: