По 300 лева казни за 24 бугарски паралментарци поради неносење заштитна маска

ИЗВОРСкопје24
|

Дваесетина бугарски парламентарци се казнети денеска поради неносење маски во Парламентот, а здравствените инспектори им одредија казни од 300 лева.

Дваесет и четири од вкупно 240 пратеници добија казна за непочитување на обврската за покривање на устата и носот.

Министерот за здравство Кирил Аланиев ги заостри правилата за носење маска во затворено на 22 јуни, откако се зголеми бројот на инфекции со новата болест.

Ограничувањата беа привремено олеснети, но поради новите случаеви мерките требаше повторно да бидат заострени.

Претставници од различни политички партии одбија да носат маски, предизвикувајќи тензии со лидерите на парламентот и оние што ги покриваа своите лица.