По два земјотреси во Албанија и Хрватска во текот на ноќта

ИЗВОРСкопје24
|

Два послаби земјотреси се регистрирани рано утрово во областа околу Драч и Тирана во Албанија, соопшти Сеизмолошкиот центар.

Првиот земјотрес е регистриран околу 06,40 часот на 14 километри северно од Драч, на длабочина од два километри, а можел да се почувствува во Тирана, пренесуваат тамошните медиуми. Неколку минути подоцна во истата област е регистриран земјотрес со јачина од 2,5 степени.

Засега нема податоци за материјална штета.

Исто така два послаби земјотреси, со јачина од два степени според Рихтеровата скала, ја потресоа и Хрватска во текот на ноќта.

Прво, кратко по полноќ, е регистриран земјотрес на 15 километри западно од Петриње. Потоа, во 02:43 часот, бил почувствуван земјотрес во областа Риека, со епицентар во областа Платак, јавува хрватски Н1.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил на два степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на 15 километри северо-источно од Риека.