По грешка им легнале 120.000 долари на сметка – Не губеле време, па купиле СЕ што можеле

ИЗВОРСкопје24
|

Пар од Пенсилванија заработил тужба за кражба, откако потрошил илјада долари кои банката по грешка ги префрлила на нивна сметка, пренесува ББЦ.

Роберт (36) и Тифани (35) Вилијамс по грешка на банката се збогатија за 120.000 американски долари и потрошиле скоро се. Парот, освен со тужбата, се соочува и со повеќе од 100.000 долари казна за пречекорување на дозволениот минус на сметката.

Според полицијата, парите се потрошени за купување на теренец, приколка, тркачки автомобил и други предмети. На пријателите им дале 15.000 долари. Тие признале дека знаеле дека парите не се нивни.

Парите на нивната сметка, наместо на сметката на инвестициска фирма, легнале во јули, а грешката е воочена 20 дена подоцна, па парите се земени од нивната сметка, а парот по тоа останал во огромен минус.

Според полицијата, Вилијамс до откривање на грешката веќе потрошиле околу 107.000 долари без да проверат пред тоа во банка за што се работи. Вилијамс на сметката вообичаено имале околу 1000 долари.