По кадата, пронајдени и плочките од реновирањето на дното на Охридско езеро (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

По фамозната када која беше пронајдена на дното на Охридското езеро на 100 метри оддалеченост од брегот, на истата локација извадена е и вреќа со градежни плочки, а нуркачкиот клуб претпоставува дека се работи за санитарни реквизити од истото реновирање на несовесниот граѓанин во Охрид.

Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.

Кадата и шутот се уште стојат на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чекаат да бидат подигнати.

Нуркачкиот клуб „Акватек“ минатата недела објавија дека е извадена кадата, која била забележана неколку дена претходно на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на желбите.

Нуркачите објавија фотографии и видео дека кадата е извадена од езерото.

-И ветар да вее и бура да коси и бран да фати, зборот е збор… кадата е извадена, напишаа од нуркачкиот центар на нивната Фејсбук страница.

И ветар да вее и бура да коси и бран да фати, зборот е збор… кадата е извадена… 🛁🛁🛁🛀🧹🛒🗑Видео:https://www.youtube.com/watch?v=SrqVi5KCkIY&t=8sФото, видео: Никола Паскали #8

Gepostet von Diving Center Akvatek am Dienstag, 16. Juli 2019