По Тијана уште една наша музичка ѕвезда се пофали дека е права домаќинка и сама подготвува ајвар

ИЗВОРСкопје24
|

Летото веќе заврши, есента дојде и календарски, а со тоа започна периодот на спремање зимници. На шала многумина ќе речат права домаќинка во септември мириса на ајвар и лупени пиперки, но по се изгледа дека и нашите музички ѕвезди не засотануваат кога се домаќинските работи во прашање.

Пред неколку дена нашата Тијана Дапчевиќ објави видео и рецепт за тоа како заедно со нејзиниот татко во Драчево подготвуваа ајвар и малиџано, па им порача на сите да запаметат дека уметниците не се плашат од работа и дека и тие како сите обични луѓе ги засукуваат работите и самите си ги подготвуваат овие традиционални деликатеси.

Можеби поттикната од ваквиот потег на Дапчевиќ, и Сузана Гавазова, одморена и свежа по септемврискиот одмор со ќерките, во кратките приказни на Инстаграм покажа како подготвува ајвар.

Естрадните уметниици оваа летна сезона останаа без настапи поради коронавирусот, а поголемиот дел од нив се уште се на продолжен одмор и чекаат некое подобро време да се вратат на музиката.

Независно дали поради откажаните концерти и настапи им останува повеќе време, па бидејќи не може да се фатат за микрофонот, се фаќаат за правење на ајвар, или едноставно обожаваат да подготвуаат домашна традиционална храна, овој потег е за пофалба.

Нема сомнеж дека фолк пејачките се обезбедија за зимата и ќе нема криза кога се во прашање зимниците. Тие се пример за вистински македонски дами.

Инаку, Гавазова често знае на социјалните мрежи знае да се пофали со своите кулинарски вештини и да покаже каков специјалитет подготвува.