По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

ИЗВОРСкопје24
|

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада, со што е овозможена поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители во земјата, а од денеска, дозволени се пристигнувања и од шенген-зоната, без обврска за карантин.

Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените погледи на италијанските власти за отворање на границите на Ломбардија, што беше најтешко погоден регион во Италија. На ваквата мерка се противеа регионалните лидери од југот, каде се регистрирани помалку случаи во споредба со северот на земјата.

Со отворањето на регионалните граници, одредени области во Италија ги зајакнуваат контролата и мерките преку „следење на туристите“ со дигитални апликации, мерење на температурата со термички скенери, неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето.