По втор пат во историјата на комерцијалните летови: Почна најдолгиот непрекинат лет Лондон – Сиднеј

ИЗВОРСкопје24
|

Австралискиот авиопревозник Квантас, еден месец по рекордно долгиот лет помеѓу Њујорк и Сиднеј, планира да реализира пробен лет од Лондон до Сиднеј.

Авион на Квантас полета од лондонскиот аеродром Хитроу денеска во шест часот по локално време и се очекува да слета по 19,5 часа лет на аеродромот Кингсфорд Смит во Сиднеј. Растојанието од 17.8000 километри е најдолг лет на Квантас во рамките на научното истражување за намалување на влијанието на временските зони врз патниците, како и проучување на можностите за подобрување на здравјето на екипажот. Квантас за потребите на пробниот лет го преуреди новиот Боинг 787-9 Дримлајнер за да може да прими максимално количество на гориво и го ограничи бројот на патници и багаж , што овозможува да се реализира така долг лет без слетување за танкирање керозин. Во авионот има 50 патници и членови на екипажот. Тоа ќе биде вторпат во историјата на комерцијалните летови да се прелета оваа рута.

Квантас минатиот месец го успешно го изведе најдолгиот непрекинат комерцијален лет од Њујорк до Сиднеј. Пробниот лет од 16.200 километри траеше 19 часа и 16 минути. Иако летот од Лондон до Сиднеј е 1.500 километри подолг од летот Њујорк – Сиднеј, се очекува да трае подеднакво долго поради струењата на воздухот.