По загубата на внуката, Цеца ја откри тажната вистина: „Се случи трагедија“

|

Анастасија Ражнатовиќ пред нешто повеќе од две недели го прослави својот 25 роденден во топлата Севиља, а друштво ѝ правеа избраникот Немања Гудељ и членовите на неговото семејство. Иако тогаш беа среќни и насмеани и позираа на фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, само неколку дена подоцна се случи трагедија.

Како што е познато, Анастасија и Немања го загубија своето бебе. Ќерката на Цеца била во петтиот месец од бременоста кога дознала дека срцето на нејзиното девојче престанало да чука. Младата пејачка се повлече од јавноста за да закрепне од оваа загуба, а ја напушти Севиља за да помине време со семејството во Белград.

Цеца досега не се огласи по овој трагичен настан, а кога беше видена во јавноста, јасно беше дека е вознемирена.

Сега фолк-пејачката конечно се отвори за овој неверојатен удар за нејзиното семејство.

-Нема да го славам 50-от роденден од позната причина. На нашето семејство, на Анастасија и Немања, ни се случи трагедија и едноставно не е момент за славење. Никој не би славел на наше место. Животот не ме галеше, имав навистина огромни турбуленции, подеми и падови. Знам дека се соочувам и со најтешките и со најубавите моменти. Животот е создаден од овие работи. Сега приоритет ми е Анастасија да продолжи понатаму, како и Немања. Сите заедно да се кренеме како семејство и да се ослободиме од болката што ќе остане во нас. Мора да се продолжи понатаму – изјави Цеца во новата епизода од нејзиното шоу „Цеца шоу“.

Цеца Ражнатовиќ ја откри својата роденденска желба.

-Би сакала сите мои деца да бидат живи и здрави. Јас сум зрела личност, кога бев помала им се радував на подароците, но со возраста човек ја разбира суштината на животот и кои се неговите приоритети. Материјалните работи го задоволуваат човекот во моментот, суштината е семејството да е заедно, сите да се живи и здрави и среќни – изјави Цеца, која додаде дека повеќе би сакала да патува со пријателите.