По зборувањата за врската со 10 години помладото момче, конечно се огласи и Северина

ИЗВОРСкопје24
|

Српските медиуми на големо пишуваат за љубовната врска помеѓу Северина и Томислав Воштиниќ, кој е инаку 10 години помлад од неа. Игор Којиќ тврди дека не од татко му и мајка му, туку од медиумите дознал дека неговата сопруга Северина е во наводна врска со сопственикот на винарија.

Северина и Игор не се виделе веќе шест месеци, откако таа ја напушти семејната куќа и се пресели во Загреб, зборува извор близок до Игор.

„Тој се изненади кога во медиумите прочита дека неговата сопруга му е неверна и дека летово крстарела на Јадранот со Томислав. Игор веднаш и се јавил и побарал објаснување, но Северина постојано тврдела дека Воштиниќ и е „само добар пријател“. Убеден е дека го лаже, но подготвен е да премине преку сè само за да го спаси нивниот брак. Тој и рекол:

„Не ми е гајле што се случило, ти простувам сè, само врати се кај мене“. Почнал да ги посетува манастирите во Србија и да му се моли на Бога таа да му се врати и да биде повторно со Северина“.

„Од друга страна, хрватската поп sвезда упорно негира дека е во врска со Воштиниќ, во чија винарија е редовен гостин.

„Томислав и е само пријател на Северина. Се одржа настан во неговата винарија каде што таа беше дојдена со друштво и ние отфрламе каква било инсинуација дека двајцата се во емотивна врска“ – изјавил портпаролот на Северина.

„Северина и јас сме добри пријатели и имам само пофални зборови за неа. Точно е дека таа дојде во мојата винарија, но не беше сама, имаше многу луѓе. Ништо не се случи меѓу нас двајца и сето тоа се само смешни приказни кои и јас ги читам во весниците. Разбирам дека нејзиниот живот е интересен за медиумите“ – вели Томислав.