Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ, утре ќе игра за шестиот трофеј на завршниот мастерс од АТП-серијата, откако по голема бо рба вечерва во Торино го совлада Американецот Тејлор Фриц со 7-6, 7-6.
Србинот на теренот истрча по ултра-маратонот што го одигра синоќа против Данил Медведев, кој го доби во три сета, поради што малкумина очекуваа дека ќе најде толку голема сила одново да биде оној вистинскиот на теренот, објави Спорт1.
„Победата ми беше во втор план, морав да се бо рам за да преживеам. Не се чувствував комфорно по маратонската би тка со Медведев и знаев дека ќе ми треба време да се прилагодам на играта на Фриц, кој има еден од најдобрите сервиси во светот. Мислам дека не одиграв најдобро, но најважно е што победив. Уживам во атмосферата, нормално дека годи кога луѓе доаѓаат специјално да навиваат за вас. Гладен сум за трофеи, пред мене и само уште еден меч и нормално дека ќе дадам се што ми остана од енергијата да дојдат до пехарот“, изјави Ѓоковиќ.
Негов противник во утрешниот дуел за трофејот и богатата награда ќе биде победникот од вечерашната пресметка помеѓу Каспер Рус и Андреј Рубљов.