Почина работник во кругот на Железара во Скопје, телото оди на обдукција

|

На 09.06.2023 во 11.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Железара во Скопје, при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал А.П.(53) од с.Петровец, скопско.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

За настанот бил известен трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Исто така, на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје вчера со повреди била донесена Љ.С.(53) од Скопје.

Како што соопшти МВР, од болницата вчера случајот бил пријавен во СВР Скопје.

Според пријавеното, Љ.С. се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик.

За настанот бил известен трудов инспектор.