Почна исплатата на над 68 милиони евра за штедачите од Еуростандард во стечај

ИЗВОРТелма
|

Според Хаџиев, можно е и социјалци да не можат да си ги подигнат парите ако имале претходна блокада од извршител.

ИМАШЕ РЕАКЦИИ ОГ ГРАЃАНИ ДЕКА НЕ ИМ СЕ ИСПЛАТУВАТА ЗАРОБЕНИТЕ ПАРИ ОД ПЛАТА, ПЕНЗИЈА, СОЦИЈАЛНА ПОМОШ?

-КАЈ НАС НЕМА ТАКВИ РЕАКЦИИ, ОСВЕН МОЖЕ ДА НЕ СЕ ИСПЛАТАТ АКО ИМААТ БЛОКАДА НА СМЕТКАТА ОД ИЗВРШИТЕЛ.

АКО МУ БИЛА СМЕТКАТА ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, ТАМУ МУ СТИГНУВАЛА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ, СЕГА КАКО ДЕПОЗИТ СЕ ПРЕФРЛА ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ ВО ДРУГА БАНКА, ДОКОЛКУ ИМААТ БЛОКАДА ОД ИЗВРШИТЕЛ НЕ МОЖАТ ДА СИ ПОДИГНАТ. ТРЕБА ИЗВРШИТЕЛОТ ДА ЈА ТРГНЕ БЛОКАДАТА – ВЕЛИ ХАЏИЕВ.

Иако првично требаше да важи полномошното од Еуростандард за штедачите кои нема лично да се појават на шалтерите на банките – исплатувачи, сепак законите тоа не го дозволувале и сега ќе мора да вадат нови полномоштва. Оние кои се спречени, парите во банка ќе ги чекаат 3 години, а потоа можат да си ги подигнат од Фондот.

Нема да се исплаќаат депозитите на членовите на телата на банките и на големите акционери во Еуростандард, како и штедачите кои имале повластени каматни стапки.

Замрзнати ќе останат и парите кои се поврзани или се сомнителни за кривично дело перење на пари, стои во законската регулатива.

Вчера со информација се јави и стечајниот управник на Еуростандард Душко Тодевски.

Соопшти дека се раскинати сите договори за закуп на деловен простор, во кои биле експозитурите на банката. Но и дека целиот имот и документација се заштитени и се на сигурно.

Александра Филиповска