„Почнав да викам по Тоше, раката му беше уште топла“ – Лилјана Петровиќ за првите моменти по несреќата

ИЗВОРСкопје24
|

Лилјана Петровиќ, менаџерката на легендарниот пејач Тоше Проески, беше заедно со него во автомобилот утрото пред 13 години во Нова Градишка, кога за жал засекогаш заврши животот на големиот хуманист. Таа во повеќе наврати има изјавено дека секој 16ти таа ја преживува оваа несреќа и дека тогаш не сака да говори со никого, па така и никогаш не стигнала никаква изјава до медиумите.

Сепак во една прилика таа проговори за тоа што се случувало тоа кобно утро во 6 и 20 часот кога и се случил судирот.

„Не бев свесна што се случува, почувствував удар, паднав помеѓу седиштата, а потоа дојде уште еден удар. Имав болки во ребрата, но кога го видов Тоше, заборавив на болката и излегов надвор од џипот. Почнав да викам по Тоше, раката му беше уште топла- со овие зборови раскажуваше Лилјана Петровиќ за првите моменти по несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, објави Фокус.

Тоше честопати знаеше да ја нарече своја втора мајка, а односот помеѓу нив беше исклучително близок, што е реткост за еден пејач и неговиот професионален живот. Таа беше негов најголем заштитник и негова верна придружба на сите настани, односно менаџер кој нема одредено работно време и во целост го прилагоди својот живот кон потребите на музичката кариера на Тоше.

За соработката со Тоше, раскажуваше дека започнала спонтано, бидејќи не ни планирала да заплови во менаџерските води. Сепак, не можеше, а да не се забележи посебната врска која ја имаа, а која не беше типична за музичар и негов менаџер, бидејќи Петровиќ, како што и самата знаеше да изјави, едноставно не ставила граница помеѓу приватното и професионалното.

– Тоше и јас работевме толку многу што во тие пет години од нашата соработка бевме неразделни, делевме дење и ноќе и секој миг. Ги чувам сите подароци од него, сите ми се омилени. Нашите фотографии на кои сме насмеани висат на ѕидот. Го сакам неговиот часовник што ми го подари за мојот роденден, за последен пат. Јас го чувам тоа засекогаш – рече таа во една прилика.

Целиот текст прочитајте го на Фокус со клик ТУКА.