Почнува на 26 декември: Што ќе ни донесе последниот ретрограден Меркур за оваа година?

ИЗВОРСкопје24
|

На 26 септември почнува последниот ретрограден Меркур за оваа година и ќе трае сè до 18 октомври. Меркур ќе биде во знакот Вага и ќе биде важен период за оние коишто се справуваат со проблеми или недовршени обврски.

Како што знаеме сите, ретроградниот Меркур означува тешок период исполнет со лоши одлуки, драми, и денови кога мислиме дека баш ништо не ни оди.

Претстојниот ретрограден Меркур ќе донесе проблеми во љубовната врска, неодлучност, нерамнотежа, а за некои и правни проблеми.

Вагата е знак на партнерство, па Меркур се врзува за љубовните врски. Овој период ќе предизвика многу проблеми во љубовниот живот, но и покрај тоа треба да се потрудите да се справите со конфликтите и да ја подобрите комуникацијата со партнерот. Никој не сака да се расправа, па сепак искористете го и влијанието на Вагата за да се справите со проблемите. Ретроградниот Меркур во Вага ќе ве натера постојано да се предомислувате и да го барате најдоброто решение. Избегнувајте да донесете конечна одлука за важни работи. Исто така, не потпишувајте никакви договори.

Разгледајте ги сите опции, но најдобро е да почекате да помине овој период пред да донесете некоја одлука. Енергијата на Вагата ќе ви донесе и малку хармонија, па потрудете се да останете смирени додека да помине овој период.