Под кој реден број ќе настапува Васил Гарванлиев на „Евровизија 2020“?

ИЗВОРскопје24
|

Евровизија 2020 ќе се одржи во Ротердам, Холандија. Многу држави и оваа година ќе се потрудат да го освојат првото место.

МРТ го избра Васил Гарванлиев за наш преставник. Песната со која тој треба да настапи се уште не е избрана.

Објавен е редоследот на претставниците, односно под кој реден број ќе пеат и во која полуфинална вечер.

Нашиот Васил ќе настапува под реден број 1 во Првата полуфинална вечер. Дали бројот 1 ќе ни донесе среќа ќе дознаеме за неколку месеци.

За потсетување, минатата година Васил беше придружен вокал на Тамара Тодевска на песната „Proud“ со која не претстави на Евровизија 2019.