Поднесете барање: Аеродром ќе дава парична помош за секое ново прваче

ИЗВОРСкопје24
|

Од денеска до 30 септември 2021 година во Општина Аеродром ќе може да се поднесате барање за еднократната парична помош од 3.500 денари за упис на прваче во едно од основните училишта на територијата на локалната самоуправа.

Градоначалникот Златко Марин рече дека целта на овој проект е да се намалат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

Буџетот за оваа намена изнесува 3.100.000 денари. Образецот може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

За паричната помош потребно е да се поднесе потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром, фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето), фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром и фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.