ПОДОБРИ ВЕСТИ НЕ МОЖЕ ДА ИМА: НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ ЦЕНТРИ

loading...

Во текот на следните денови и туристичките центри во државава поточно Струга, Охрид, Преспа и Дојран ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која ќе услови сончево и топло време со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.

Сепак во текот на попладневните часови на планинските места посебно северозападно од Струшко односно од Јабланица па се до потегот на Шар Планина не се исклучува можноста за сосема локален краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури во текот на следните денови во Струшко ќе се искачуваат некаде до околу 28, 29 степени, Слични температури ќе има и во Охридско, во Преспа истите ќе се искачат некаде до околу 28, 29 степени што значи исто како и во Струшко додека во Дојран до околу 33, 34 степени.

ТЕМПЕРАТУРУ НА ВОДИТЕ НА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ВО ДРЖАВАВА:

Охридско Езеро 25°C

Преспанско Езеро 23°C

Дојранско Езеро 26°C

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Како предог дестинација ние за овој викенд ви ја препорачуваме прекрасната Преспа. А доколку не ја знаете легендата за нејзиното настанување прочитајте ја во продолжение:

Eдна од стотиците македонски легенди и преданија на македонскиот народ е онаа за преубавата девојка Преспа и за настанокот на Преспанското Езеро. Имагинацијата на нашиот народ е огромна, а овие легенди ја добиле својата вредност низ историјата, пренесувајќи се од генерација на генерација.

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале.

Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода.

Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат.

Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата.

Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината. Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице.

Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади.

Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро. Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат , едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица.

Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, и рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро, додека пак населбата околу него го добила името Преспа.