Погледнете ги овие извонредни изданија на сопругите на Зоран Заев и Петре Шилегов

ИЗВОРСкопје24
|

Мораме да признаеме дека сопругите на премиерот Зоран Заев и градоначалникот Петре Шилегов не воодушевија со овие две изданија. Нивниот дамски стил навистина е вреден за коментар и можеме да кажеме дека се облекуваат како вистински деловни дами кои многу добро знаат што е стил.

Овој пат носеа елегантни, црни фустани кои им стојат перфектно и тесни сакоа преку нив, со таа разлика што Зорица носеше сиво, а Јасмина црно сако.

Иако не сме навикнати често да ги гледаме во вакви изданија, мораме да признаеме дека и двете дами изгледаат фантастично. Секако, и овој пат тие не одолеаја да го понесат и практично заштитниот знак на сите дами – црни стилето чевли со тенки високи потпетици.

Инаку, Зорица во последно време се почесто не воодушевува и со нејзината тренди фризура и шминка.

За нејзиниот изглед е задолжен познатиот струмички стилист Драган Гоцев кој за неа вели дека секогаш однапред знае што сака, но и дека личниот стил не го променила откако нејзиниот сопруг станал премиер на Македонија.