Погледнете колку се загрева на сонце хаубата на бел, а колку на црн автомобил (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Општо позната работа е дека црната боја привлекува повеќе сончеви зраци од белата, но дека разликата во температурите измерени на хаубата на црн и бел автомобил е толку голема, навистина е нешто што ќе ве изненади.

Хаубата на бел автомобил при мерење покажала 45 степени целзиусови, додека термалната камера на црниот автомобил покажала температура од дури 70 степени Целзиусови.

Во прилог погледнете го видеото:

Знаете ли што покажува стрелката покрај ознаката за гориво на инструмент таблата?

Можно е и никогаш да не сте ја забележале иако ја има на скоро сите инструмент табли.

Дури и да сте ја забележале, тешко дека сте се запрашале за што служи. Може да се наоѓа на десната страна од симболот во облик на апарат за точење гориво на бензинска станица.

Токму оваа положба ја оправдува целта на постоење на оваа стрелка. Таа покажува на која страна од автомобилот се наоѓа капакот од резервоарот за бензин.

Делува како прилично бесмислена функција (како може некој да не си го познава автомобилот до толку за да не знае каде да наполни гориво), но има ситуации во кои може да биде многу корисна.

На пример, ако изнајмувате (Rent a Car) или возите позајмен автомобил.