Погледнете во луксузниот стан на Новак Ѓоковиќ кој вреди 9 милиони долари: Прекрасен поглед кон океан(фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Новак Ѓоковиќ пред две години го купил овој прекрасен стан со поглед на плажата во Мајами каде што таа година требало да учествува на турнир. Луксузниот стан на Ноле се наоѓа во комплексот Eighty Seven Park. Во домот на Ѓоковиќ има три спални соби, три бањи…

Од подот до плафонот се прозорци, а Новак и неговото семејство може да уживаат во прекрасниот поглед на Атланскиот океан,

На располагање имаат и два приватни базени, спа центар, фитнес, сауна, бар. Станот е дело на архитектот Ренцо Пјано.

Новак и неговото семејство освен тоа што ќе уживаат во неверојатниот поглед на океанот, тенисерот во новиот дом заедно со сопругата и децата ќе ужива во приватниот базен и парк.

„Бев воодушевен со неверојатната услуга, ексклузивниот пристап во паркот, панорамскиот поглед на море и копно…Моето семејство ќе има совршен живот. Се воодушевив со дизајнот на оваа зграда“ вели Новак.

Како што пишува „Тhe Real Deal“ цената на овој стан изнесува 8,9 милиони долари.

вистина.мк