Поголем дел од Скопје утре без струја

ИЗВОРСкопје24
|

Делови од скопските општини Центар, Ѓорче Петров, Сарај, Аеродром и Карпош утре во одреден период од денот нема да имаат електрична енергија.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, од 08.30 до 16.00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од булеварот „Илинден” бр. 51 и 62, улицата „Орце Николов” од бр. 81 до 87 и бр. 96, улицата „Ленинова” на непарните броеви од 3-25 и на парните од 12 до 24 и улицата „Чедомир Мендерович” во Центар.

Од 08.30 до 10.00 часот струја ќе немаат корисниците од дел од општина Ѓорче Петров кај Очната болница и хотел „Сарај” во Сарај, од 08.30 до 14.00 часот корисниците од дел од село Глумово, како и корисниците од булеварот „АСНОМ” бр. 130, 128 во Аеродром.

Од 12.30 до 14.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од хотелот „Вергина”, „Стоп и Го” и „Пласт комерц” во Карпош.