ПОКАЗАТЕЛ НА ИДНИНАТА: Што откpиваат бенките за нашата cyдбина

ИЗВОРСкопје24
|

Бенките се мапа на нашата личност и показател на иднината, тврдат кинеските астролози.

Симон Вонг состави „Краток водич за бенки“ наведувајќи во него што претставуваат тие и што значи нивната положба.

Чело – Доколку се наоѓа на средина од челото, ќе ве следи лоша комуникација со авторитети. Ако бенката е на едната страна, тоа значи дека сте енергични и одлучни.

Очни капаци – Нестабилни семејни односи може да се кријат зад бенката на капакот од окото, додека пак бенката што се наоѓа под окото може да претставува претерана емотивна осетливост.

Веѓи – Бенка под веѓата означува добро здравје, а над – богатство без многу труд.

Уши – Ако на ресичката од увото имате бенка, значи дека сте добри, праведни и ценети во друштвото. Доколку е во увото, долго ќе живеете, а на врвот на увото значи дека сте многу интелигентни. Успешните луѓе имаат бенки на двете ува.

Раце – Ако имате бенка под лактот значи дека сте емпатични, а доколку е на дланката, означува дека сте многу талентирани за уметност.

Врат – Бенка на ова место може да донесе големо животно разочарување. Ако бенката се наоѓа на средина од вратот, тоа значи дека личноста е проблематична.

Образи – Ако се наоѓа на преклопот на образот, тоа може да биде предзнак за големи несреќни случувања.

Нос – Без разлика на тоа дали се наоѓа на врвот или на средина од носот, бенката на тој дел од телото значи проблеми и тешка работа.

Усни – Ако бенката се наоѓа на аголот од горната уста, значи дека сте хедонист и естет. Доколку е на долната, децата ќе ви бидат успешни.