Денеска најстарата ќерка на Роберт Де Ниро објави дека починал нејзиниот син Леонардо, кој имаше само 19 години. Полицијата изезе со првични информации од истрагата.
Спореед податоците од „Дејли мејл“, полицијата потврдила дека била пронајдена бела прашкаста материја во близина на телото и дека немало траги на насилство.
Ќерката на познатиот актер со емотивна порака на Инстаграм ја објави фотографијата на синот, информирајќи ги своите следбеници за семејната трагедија.
Дрена на својот Фејсбук профил објави фотографија од синот и напиша „Мојот прекрасен, сладок ангел. Те сакав без зборови и описи од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да ги чувствувам кога станав твоја мајка. Беше толку сакан и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал“.