Пола Скопје денеска без струја

ИЗВОРСкопје24
|

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Сопиште, Кисела Вода, Карпош, Аеродром и на Сарај.

– од 9 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од ул. 8 во Сопиште (општина Сопиште),

– од 12 до 15.30 часот корисниците од улицата Благоја Гојан и уличките до неа (општина Кисела Вода),

– од 9 до 13 часот корисниците од улицата Јуриј Гагарин бр. 26, 28, 30, 32, 34, 36, 38, 40, 42, 44 (општина Карпош),

– во периодот од 11 до 14 часот корисниците од булеварот Борис Трајковски, подулица број 9 – објектите во близина на пругите за цементарницата (општина Кисела Вода),

– од 8.30 до 13.30 часот корисниците од улицата Богомилски поход и околните улици (општина Аеродром),

– од 8.30 до 11 часот корисниците од местото наречено Габечки Дол во Добри Дол на крајот на селото (општина Сопиште),

– од 8.30 до 14.30 часот потрошувачите по пругата кон с. Кондово до обиколницата (општина Сарај).