ПОЛАРЕН БРАН И МНОГУ НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ МАКЕДОНИЈА ОД СРЕДА ПА НАТАКА – ЌЕ ИМА И СНЕГ

ИЗВОРСкопје24
|

Почнувајќи од среда доцна попладне и навечер па натака нашата територија ќе подпадне под влијание на поларна воздушна маса која директно ќе се спушта од Арктикот кон нашите краишта, токму ова кај нас ќе услови ГОЛЕМ пад на температурите на воздухот и северен ветер. Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието и во источните предели.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, кој поради спуштањето на поларната воздушна маса ќе преминуваат во врнежи од снег како на повисоките места и на планините, така и на пониските места. Според сегашните информации, понекад еснежна покривка ќе се формира и на пониските места.

Температурите на воздухот од ден на ден се повеќе ќе опаѓаат и утре и во среда ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, меѓутоа во среда навечер осетно ќе започнат да опаѓаат. Особено студено ќе биде од петк па за време на викендот кој доаѓа кога температурите на воздухот на повеќе места ќе бидат континуирано под нулата, тогаш понекаде минималните температури ќе се спуштат и под -15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука