ПОЛАРНИОТ БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ОЧЕКУВАЈТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДО -11°C

ИЗВОРСкопје24
|

Утре ќе имаме позначителна облачност, додека во вечерните и во ноќните часови ќе има услови за сосема слаб и локален дожд, на повисоките места и на планините ќе има слабо провејување на снег. Исто така поради продор на значително постудена воздушна маса која се спушта од север, ќе започне да дува северен и североисточен ветер кој во текот на утрешната ноќ и во понеделник ќе биде со умерен, повремено и со засилен интензитет.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека од понеделник ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Поради разведрувањето, во вторник наутро ќе имаме многу студено утро со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени. Нова промена на времето и врнежи ќе имаме од среда во текот на ноќта кон четврток, детални информации околу ова понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени мете информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.