ПОЛЕКА НО СИГУРНО ЕСЕНТА ДОАЃА: ПРОДОР НА ПОСТУДЕН ВОЗДУХ ОД СЕВЕР ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на следните неколку денови, односно утре времето ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Повеќе облачност ќе има во четврток и во петок, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури во текот на овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Веќе во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, истиот ќе биде најава за продор на постуден воздух од север кој ќе се почувстува за време на викендот кога максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, времето ќе биде претежно стабилно и суво.

Значително пониски ќе бидат минималните температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени во најтоплите предели од државава, додека во Беровскиот регион истите се очекува да се спуштат до околу 4 степени.

Со ова веќе полека но сигурно есента ни доаѓа а температурите на воздухот ќе бидат се пониски и пониски што е нормално.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука