|
На 13.4.2023, во 00.10 часот, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар го лишиле од слобода Х. Ш. (47) од Скопје затоа што на 12.4.2023, околу 23.20 часот, во домот упатувал закани со остар предмет кон својата 40-годишна сопруга.
Од него биле одземени два ножа и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2023 во 16:00 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од скопско село, пријавила дека по претходна расправија била физички нападната од нејзиниот син З.С.(51).
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок