Полицијата синоќа на големо пишуваше – еве за што се изречени најмногу казни

ИЗВОРСкопје24
|

Министерството за внатрешни работи започна со засилени контроли низ целата држава, вчера само на територијата на Драчево изрече вкупно 218 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 14.

Од МВР известија дека вчера (23.10.) била спроведена засилена акциска контрола и во областа на територијата на Кочани и Виница.

-Притоа, изречени се вкупно 156 санкции, меѓу кои 32 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 23 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од Министерството.