Полна месечина на 1ви октомври – време е за големо чистење на енергијата

|

Полна месечина се појавува на небото на 1 октомври овој пат во знакот Овен, но освен неа, доаѓа уште една полна Месечина во знакот Бик кон крајот на октомври.

Октомври се смета дека ќе биде време за прочистување, големо чистење на енергијата и подготовка за нов животен циклус. Претходните месеци бевме сведоци на многубројни турбуленции и нагли промени, а полека ни се чини дека се враќаме во рамнотежа.

Во октомври ќе имаме револуционерна енергија која нема да не остави во стабилно пловење кое сме го имале периодов.

Нашите тајни и сенки излегуваат на површина, веќе нема да има маски,а сега е момент да ја прочистите кармата од минатото и полека да истражувате нови животни хоризонти.

Година ја поминавме во знак на напнатоста и вжештените емоции, а полната Месечина има тенденција да го засили тоа. Има можност да дојде до несогласувања, драми, недоразбирања, но мора да останеме силни. Не смее да дозволиме ваквите бури да се одразат на нашето физичко и менталнно здравје.

Најголема грешка која можете да ја направите за време на полната Месечина е да ги игнорирате проблемите. Вратете се на основите на своите постапки, соочете се со грешките и размислете кои се научените лекции.

Битно да се знае е и тоа дека нема да биде се така црно. Иако оваа полна Месечина носи драматична енергија, сепак доаѓа и енергија на исцелување поради астероидот Кирон кој е поврзан со месечината. Кирон е познат како исцелител на раните, а неговата енергија го поттикнува процесот на будење. Кога е присутна ваква енергија, имаме способност подобро да делуваме на нашиот живот и да успееме да ја видиме поголемата слика.

За време на полната Месечина, важно е нашите вибрации да бидат на високо ниво, а енергијата светла и силна. Сега мораме да се ослободиме од лошите навики и рани од минатото.

Полната Месечина вообичаено е хаотична, но секако има и свои добри страни. Бидете паметни и искористете ја енергијата на прочистување за да се ослободите од лошата карма. Овенот е силен војник кој храбро влегува во нови животни поглавја, а полната Месечина ни помага да расчистиме со минатото и ни претставува крај на еден период од животот.