Полска воведува годишен бонус за пензионерите

ИЗВОРскопје24
|

Полска воведува годишен бонус за пензионерите и лицата што примаат инвалидски надоместоци, според предлог законот што вчера го потпиша претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

На секој пензионер ќе му биде исплатен годишен бонус во висина од минимален износ на пензија, што оваа година изнесува 1.200 злоти (околу 300 евра).

Според проценката наведена во предлог законот, оваа година бонуси ќе добијат околу десет милиони граѓани, за што државниот буџет на Полска ќе издвои 11,7 милијарди злоти (околу три милијарди евра).

Во тек е кампањата за претседателски избори во Полска што ќе бидат одржани на 10 мај.