Помладиот брат на Здравко Чолиќ работи како ќебапчија, а личат како јајце на јајце (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Здравко Чолиќ има роден брат, но малкумина го знаат тоа затоа што за неговиот приватен живот не се пишува премногу.

Чола е една од најголемите sвезди на поранешна Југославија и потекнува од скромно семејство.

Мајка му Стана била домаќинка, а татко му Владимир, полицаец во Министерството за внатрешни работи. Неговиот четиригодини помлад брат Драган избрал сосема поинкава работа од онаа на неговиот славен брат.

Додека Здравко настапува, се фотографира и дава интервјуа, помладиот брат Драган држи ќебапчилница во Белград.

Чола е многу приврзан со него. Братската љубов во текот на своето детство им е вткаена од нивните родители.

По заминувањето на мајка им, Здравко и неговиот брат уште повеќе се зближија, а од фотографиите може да се види дека браќата личат како јајце на јајце.